logo
logo
logo

Пикси на клупата на Ј.Кореја?! Има еден услов…

Vecer | 15.08.2026

Пикси на клупата на Ј.Кореја?! Има еден услов…

ФОТО: Fudbalski savez Srbije/FB

Сензационално или не, сепак Драган Стојковиќ Пикси, има шанси да биде селектор на Ј.Кореја.

Оваа информација ја потврди самиот Стојковиќ во интервју за јужнокорејскиот портал „KBS“, кој постави само еден услов пред фудбалската асоцијација на оваа земја, а тоа е долгорочен договор.
„Вистина е дека сум заинтересиран да ја преземам репрезентацијата на Јужна Кореја, но тоа ме интересира само ако добијам долгорочен ангажман, а не да бидам в.д.селектор“, изјави Стојковиќ за KBS.
Стојковиќ би можел да го замени Хонг Мјунг Бо, кој замина по неуспехот на неодамна завршеното Светско првенство, на клупата на азискиот гигант.

Она што му ја расипува работата на Стојковиќ е желбата на челниците на јужнокорејската асоцијација тимот да ја води селекцијата како в.д.селектор на пријателските натпревари во септември и октомври, а Уругваецот Густаво Појет наводно е подготвен да прифати таква улога.
„Свесен сум за бурата што се крена. Секој сојуз има свои проблеми. Не сум премногу загрижен за тоа и мислам дека сите тие проблеми ќе бидат брзо решени“, заклучи Пикси.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk