Манчестер Сити вчера на “Итихад“ не успеа да го победи Берајтон, одигра само 1:1. Па така сега ако вечерва Арсенал го совлада Ливерпул, тимот на Микел Артета ќе има +8 бода во однос на “граѓаните“ во битката за титулата.
Ова секако дека нималку не му се допаѓа на Пеп Гвардиола, затоа и разочарано по мечот со Брајтон искоментира:
„Ако не победуваш, не можеш да говориш за титулата. Имавме одличен резултат против Нотингем Форест, а потоа одигравме три многу добри натпревари. Освен недостатокот на голови, не можам да ги обвинам момците за ништо“, рече шпанскиот стручњак.
Токму овој недостаток на голови, особено промашувањата на Ерлинг Холанд, е тоа што е од голема загриженост за навивачите.
„Тие имаа моментум, играа многу добро. Но, во последните 15-20 минути имавме неверојатни шанси. Важно е како се справувате со тие шанси, а ние не го направивме тоа добро“, заклучи Гвардиола.