logo
logo
logo

Официјално: Реал Мадрид се пофали со Бернардо Силва!(ФОТО)

Vecer | 17.06.2026

Официјално: Реал Мадрид се пофали со Бернардо Силва!(ФОТО)

ФОТО:.facebook.com/RealMadrid/

Тоа е тоа. Реал Мадрид официјално објави дека португалскиот репрезентативец Бернардо Силва ќе се приклучи на клубот. Силва пристигнува во шпанскиот тим како слободен агент откако се раздели со Манчестер Сити. 31-годишниот Португалец ќе го носи тимот на „Лос Бланкос“ во следните две сезони, а неговиот договор е до 30 јуни 2028 година. За поранешниот капитен на Сити имаше интерес и од Барселона и Атлетико Мадрид, но на крајот Силва одлучи да ја продолжи кариерата на „Бернабеу“. Реал веќе го објави трансферот на Марк Кукуреља од Челзи, а други нови засилувања се Дензел Дамфрис и Ибрахима Конате, кој исто така пристигнува како слободен агент.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk