logo
logo
logo

Од рајот до пеколот, Рахим Стерлинг најверојатно ќе оди во затвор

Vecer | 17.09.2026

Од рајот до пеколот, Рахим Стерлинг најверојатно ќе оди во затвор

Така оди тоа. Кога милионите заработени од бавење со професионален фудбал, нема да се знае како да се искористат позитивно, туку се оди на деструкција, и на однесување кое е во најмала рака лошо тогаш следуваат последиците.

Рахим Стерлинг некогаш еден од топ светските фудбалери сега веќе има 31. година. И понатаму може да е во самиот врв на светскиот фудбал, но тој одлучи поинаку. Да биде деструктивен, сам на себе пред се и да го има во таблоидите со оглед на глупостите што ги прави.

Англиската јавност го објави видеото кое што е од месец мај и на кое што Стерлинг е уапсен од страна на полицијата поради сообаќаен прекршок, удар на неговото скапоцено Ламборџини, и состојба под дејство на опијати. Поточно, „гас за смеа“ популарно наречен.
Во таа прилика тој беше уапсен, па пуштен со кауција, а сега, на 25 ноември ќе биде донесена пресудата околу целата пријава, која што не е наивна, напротив.

Во моментов му е изречена само забрана за управување со моторно возило, а доколку биде прогласен за виновен по сите точки му се заканува и затворска казна од две години.

По апсењето, сведоците изјавија дека неговото непромислено возење можело да предизвика смртен случај, а снимките од камерите доставени до полицијата покажаа како возилото оди меѓу сообраќајните ленти додека тој вдишувал азотен оксид. Кога полициска патрола го запрела, тој не успеал да го помине тестот за одење по права линија, што јасно укажува дека бил под дејство на алкохол или недозволени супстанции. Отежнувачка околност што го поткрепува овој заклучок е фактот што тој одбил да се подложен на алкотест или да даде примерок од крв за анализа.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk