Манчестер јунајтед ќе мора да плати обесштетување од околу три милиони фунти на Њукасл доколку одлучи да го ангажира Еди Хау за нов менаџер, пренесува „Телеграф“.
Англискиот стратег го напушти Њукасл во јули 2026 година, но условите под кои заминал од клубот предвидуваат исплата на компензација доколку Манчестер јунајтед се обиде да го доведе на „Олд Трафорд“.
Според информациите, првично предвиденото обесштетување изнесувало околу шест милиони фунти, но сумата во меѓувреме се намалила на приближно три милиони фунти.
Хау се споменува како еден од можните кандидати за менаџерската позиција во Манчестер јунајтед, во момент кога иднината на актуелниот тренер Мајкл Керик е неизвесна.