Новиот стадион на Интер и Милан доби име – „Стадио Џенерали“

Vecer | 29.10.2026

Новиот стадион на Интер и Милан доби име – „Стадио Џенерали“

Новиот стадион на Милан и Интер го доби своето име. Заедничкиот дом на двата милански гиганти ќе се вика „Џенерали стадиум“, откако италијанската осигурителна компанија „Џенерали“ ги откупи комерцијалните права за името на новиот спортски објект.

Официјалната потврда беше објавена на презентацијата на проектот во замокот Сфорцеско во Милано, каде што двата клуба ги претставија и основните детали за идниот стадион. Името на спонзорот ќе биде видливо на надворешниот дел од објектот.

Новиот стадион ќе има капацитет од 71.500 гледачи, а трибините ќе бидат организирани во два прстена, со стрмна поставеност за подобра видливост од сите позиции. Архитектонскиот проект го подготвуваат студијата „Фостер енд партнерс“ и „Маница“.

Планот предвидува изградбата да започне во 2027 година, а новиот стадион да биде завршен до крајот на 2031 година. Целта е објектот да биде подготвен и за Европското првенство во 2032 година, кое Италија ќе го организира заедно со Турција.

Новиот „Џенерали стадиум“ ќе го замени легендарниот „Сан Сиро“, кој со децении беше дом на Милан и Интер и едно од најпрепознатливите фудбалски места во Европа. Сегашниот стадион ќе биде делумно урнат, а дел од неговото историско наследство ќе биде зачувано.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk