logo
logo
logo

Нов договор: Рајс станува најплатен фудбалер во Арсенал

Vecer | 08.10.2026

Нов договор: Рајс станува најплатен фудбалер во Арсенал

фото: Arsenal (X)

Деклан Рајс е многу блиску до потпишување нов долгорочен договор со Арсенал, објавува Би-Би-Си. Преговорите меѓу англискиот репрезентативец и клубот се во напредна фаза.

Актуелниот договор на 27-годишниот играч за врска е со важност до крајот на следната сезона. Со новиот договор Рајс би требало да стане еден од најплатените фудбалери во тимот.

Според информациите, неговата плата би се изедначила со онаа на Букајо Сака, која се проценува на околу 350.000 фунти неделно.

Рајс моментално, според истите информации, заработува околу 240.000 фунти неделно. Арсенал со новиот договор сака дополнително да го награди играчот кој е еден од клучните фудбалери во тимот на Микел Артета


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk