logo
logo
logo

Нејмар размислува за крај на кариерата?!

Vecer | 10.07.2026

Нејмар размислува за крај на кариерата?!

Фото: FIFA World Cup X

Се чини очекувано. Имено славниот бразилски фудбалер Нејмар размислува да ја заврши кариерата, според медиумите во оваа земја.
По Светското првенство, каде што Бразил беше елиминиран во осминафиналето од Норвешка, Нејмар објави дека ја завршил својата репрезентативната кариера, но 34-годишникот, кој се бори со чести повреди, се прашува дали воопшто треба да продолжи да игра фудбал.
По неуспехот на Светското првенство, Нејмар беше депресивен. Тој одигра помалку од 45 минути на Светското првенство и големо прашање е дали 34-годишниот фудбалер на Сантос сака да продолжи, бидејќи досега го водела желбата да игра за Бразил на Светското првенство.
Бразилецот имаше брилијантна кариера. Најголем белег остави во Барселона, со која ја освои Лигата на шампионите во 2015 година, а потоа неговото патување го одведе во Пари Сен Жермен и Сауди Ал Хилал, пред да се врати во Сантос, клубот каде што порасна.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk