Навивачите на Валенсија жестоко протестираа по убедливиот пораз од Барселона со 0:5 во четвртото коло од Ла Лига. Неколку илјади приврзаници се собраа пред стадионот „Месталја“, каде што упатија остри критики кон раководството и фудбалерите.
Играчите беа нарекувани „платеници“, а претседателот Кијат Лим и сопственикот Питер Лим беа повикани да си заминат од клубот. Дел од ултрасите во знак на протест ги оставија трибините празни на почетокот на натпреварот.
Свирежи за фудбалерите и тренерот Карлос Корберан имаше и пред почетокот, но и по последниот судиски свиреж. Валенсија по четири кола има само еден бод и еден постигнат гол, а по трет пораз во низа се наоѓа на последното место на табелата.
‼️LA AFICIÓN DEL VALENCIA NO ENTRA AL ESTADIO CON EL PARTIDO EMPEZADO EN MODO DE PROTESTA@javi_teruel pic.twitter.com/lsZNnTZhiX
— Diario AS (@diarioas) September 6, 2026