Поранешниот крилен напаѓач на Барселона, Кристијан Тељо, на 35-годишна возраст објави дека става крај на професионалната кариера.
Шпанецот одигра 512 натпревари во шест различни земји, а најдобрите години ги помина во Барселона, Порто, Фиорентина и Бетис. Во последниот период од кариерата настапуваше на Блискиот Исток, а од октомври 2025 година беше член на Палм Сити, клуб од третата лига на Обединетите Арапски Емирати.
Тељо со Барселона ја освои титулата во Ла Лига, со Бетис Купот на Кралот, а со Лос Анџелес ја освои МЛС титулата. За сениорската репрезентација на Шпанија одигра само еден натпревар, додека со селекцијата до 21 година во 2013 година стана европски шампион.