Миле Свилар најмалку еден месец надвор од теренот

Vecer | 10.10.2026

Миле Свилар најмалку еден месец надвор од теренот
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Еден од најдобрите светски голмани во моментов, белгискиот интернационалец на голот на Рома, Миле Свилар поради фрактура на прстот добиена на еден од тренинзите, ќе мора да паузира околу еден месец.

Ова секако дека е проблем за Рома со оглед на фактот што тимот одлично ја започна сезоната и е при самиот врв на табелата.

Сепак, не е исто на голот да го има Свилар, или неговата резерва во моментов.

„Го загубивме Свилар на неколку недели. За време на тренингот тој доживеа  фрактура на петтиот прст на раката“, објави тренерот Гасперини на прес конференцијата пред утрешниот дуел со Комо на гости.

 


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk