logo
logo
logo

Меси со магија во Атланта, па провокација за која зборува фудбалскиот свет!

Vecer | 18.10.2026

Меси со магија во Атланта, па провокација за која зборува фудбалскиот свет!

Интер Мајами синоќа на гостувањето ја победи Атланта Јунајтед со 1:3, со уште една неверојатна партија на Лионел Меси. Сепак, главна тема е она што го направи Аргентинецот по постигнувањето на својот втор гол, бидејќи не сме навикнати да го гледаме во такво издание.

Атланта и Интер Мајами синоќа го одиграа дербито во американската МЛС-лига, а видовме навистина одличен натпревар и уште едно спектакуларно издание на Лионел Меси.

Иако веќе има 39 години, навистина е неверојатно во каква форма сè уште игра Аргентинецот, кој синоќа беше целосно неуловлив за одбраната на Атланта.

Првиот гол на натпреварот беше постигнат во 45. минута, кога гостите поведоа. Луис Суарез беше асистент, а Бертераме погоди за 0:1. Во второто полувреме на сцена стапи Меси. Аргентинецот во 56. минута го воодушеви фудбалскиот свет со мајсторскиот погодок за 0:2, но најдоброто следуваше само четири минути подоцна. Суарез му испрати одлична топка на Меси, кој се најде во ситуација еден на еден со дефанзивец на Атланта. Со својот дриблинг целосно го излуде противникот, го мина и постигна гол за 0:3.

Дури ни Меси не остана рамнодушен на сопствениот дриблинг, па го направи она што не сме навикнати да го гледаме од него.

Аргентинецот го провоцираше фудбалерот на Атланта, покажувајќи му со прст како го издриблал и како противникот воопшто не знаел што го снашло кога Меси тргнал кон него.

Во текот на кариерата, Меси изведе навистина безброј неверојатни дриблинзи и потези, но не сме навикнати да го гледаме како на ваков начин го провоцира противникот по една таква акција.

До крајот на натпреварот, Атланта успеа само да го ублажи поразот. Пико го постигна голот за конечни 1:3 во 89. минута.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk