logo
logo
logo

Меси испиша историја, па го спомна и Марадона: Ова е мој подарок за него…(ВИДЕО)

Vecer | 16.07.2026

Меси испиша историја, па го спомна и Марадона: Ова е мој подарок за него…(ВИДЕО)

ФОТО: Instagram

Аргентина ќе се бори за својата четврта титула на Светското првенство, и втора по ред, откако „гаучосите“ го обезбедија своето место во финалето на Светското првенство во 2026 година со победа од 2-1 над Англија во полуфиналето.
Лионел Меси повторно беше херој на својот тим, бидејќи имаше две асистенции и ја предводеше Аргентина до голем триумф. Капитенот на „гаучосите“ не можеше да го избегне прашањето за споредбата со Диего Марадона, една од најголемите фудбалски икони на сите времиња.
“Имаме среќа што живеевме во времето со Диего. Никогаш не сакав да бидам споредуван со него, знам колку ме сакаше. Го ценам сè што доживеав со него. Каде и да е сега, знам дека е среќен и ужива во сето ова. На некој начин, ова е и мојот подарок за него“ – рече Меси по натпреварот.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk