logo
logo
logo

Манчини: Белгија беше подобра од нас само едно полувреме

Vecer | 26.09.2026

Манчини: Белгија беше подобра од нас само едно полувреме

Репрезентацијата на Италија уште на стартот на новата Лига на Нации има проблеми. Синоѓа „Азурите“ на свој терен загубија од Белгија со 0:2, и денеска критиките се со најсилно пуштени во јавноста.

Селекторот Манчини нормално на удар. Тој пак со образложение дека Белгија била подобра во првиот дел, но дека Италија можела да дојде до поволен резултат во продолжението.

„Белгија играше подобро во првото полувреме, додека во второто полувреме ја презедовме иницијативата и можевме да израмниме. Наместо тоа, примивме втор гол во контранапад по наша грешка. Тоа е фудбалот. Првото полувреме беше под очекувањата, Белгија играше подобро, но не и во второто полувреме. Тимот се покажа доста добро до вториот гол, имавме четири или пет шанси за израмнување. Вршевме притисок врз нив, но Белгијците се силен тим. Кога губиме, никој не е среќен, па затоа е нормално навивачите да нè исвиркуваат“, изјави Манчини за „Раи Уно“ по натпреварот од Лигата на Нациите.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk