Ирските фудбалери сепак одлучија да се појават на натпреварот со Израел. Информациите велат дека седум играчи биле против настапот, а на крајот гласале и е донесена одлука да се појават на теренот против Израелците.
Овој меч меѓу Израел и Р.Ирска се игра утре.
„Долго време разговараа претходната вечер. Повеќе од два часа“, изјави првиот човек на Фудбалската асоцијација на Ирска, Дејвид Курел, и додаде:
„Играчите донесоа одлука да патуваат во Унгарија, а утрово еден од играчите изрази желба да се повлече од репрезентацијата. Разговаравме во изминатите четири часа, беа изразени различни ставови и целосно почитувавме сè.На крајот, тимот гласаше. Мнозинството сакаше натпреварите да се играат и Фудбалската асоцијација донесе одлука да се играат натпреварите сепак.“
Селекторот Хајмир Халгримсон истакнува дека приказната за сè не е завршена.
„Малку нè вознемири сите, но ќе продолжиме да разговараме. Не сме дошле до никаков заклучок, ќе разговараме повеќе. Ова е навистина единствена ситуација“ рече тој и додаде…
„Секако, сето ова влијае на играчите. Никој не е задоволен. Сакавме да направиме што е можно помалку штета на ирскиот фудбал и мораше да најдеме решение“, рече Халгримсон.