logo
logo
logo

Малдини позитивен, па негативен на тестовите за наркотици… како?

Vecer | 15.09.2026

Малдини позитивен, па негативен на тестовите за наркотици… како?

Италијанската јавност веќе трет ден се бави со Даниел Малдини, и неговата огромна глупост. Младиот играч на Каљари направи сообраќаен судар, а при што бил под дејство на акохол, а како што покажаа и првичните тестови и под наркотични средства.

Сепак, денеска јавноста пренесува дека вториот тест кој што Малдини го направил во клиника во Каљари, а што се однесува до наркотичните средства е негативен.

Резултатите од тестовите беа негативни за секоја од наведените супстанции, амфетамин, кокаин, марихуана, екстази, метамфетамин… Играчот веднаш објави фотографија од резултатите на социјалните мрежи и вчера се врати на тимските тренинзи пред саботниот натпревар против Удинезе.

Првиот тест, спроведен од миланската полиција на местото на несреќата, беше прелиминарен. Ваквите тестови служат само како показател и немаат правна тежина. Единствено резултатите од болничката анализа на крвта ќе се сметаат за официјални и конечни. Примерокот од Малдини беше земен во болницата „Фатебенефратели“, а резултатите се очекуваат за околу десет дена.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk