Лионел Меси вечерва ќе го одигра последниот натпревар во дресот на аргентинската репрезентација. На „Монументал“ во Буенос Аирес, Аргентина ќе се соочи со Бенин во пријателски натпревар посветен на легендарниот капитен.
Само неколку часа пред мечот, улиците низ Аргентина се преполни со навивачи кои сакаат да бидат дел од историскиот момент. Меси досега има 207 настапи за Аргентина, на кои постигна 125 гола. Доколку настапи против Бенин, тоа ќе биде неговиот 208. и последен натпревар за националниот тим.
Опростувањето се очекува да биде исклучително емотивно, со илјадници навивачи подготвени последен пат да го поздрават својот најголем фудбалски херој.
Crazy scenes in Argentina ahead of Lionel Messi’s farewell. The entire country is out to celebrate Messi today. 🤯🐐🇦🇷 https://t.co/FI8B6272Yb
— 𝙷𝚊𝚛𝚛𝚒𝚜𝚘𝚗 (@fcbharrison) October 6, 2026