logo
logo
logo

ЛН: Клоп и Чави ремизираа во Амстердам, Грција со неверојатен пресврт славеше во Белград

Vecer | 24.09.2026

ЛН: Клоп и Чави ремизираа во Амстердам, Грција со неверојатен пресврт славеше во Белград

фото: OnsOranje (X)

Холандија и Германија одиграа 1:1 во дербито од првото коло во А-дивизијата на Лигата на нации. Со новиот селектор на клупата, Јирген Клоп, Германија поведе во 32. минута преку Феликс Нмеча, кој прецизно ја затресе мрежата на домашниот тим. Домашните протестираа поради тоа што Германците не ја запреа играта по повредата на Броуби, туку продолжија да играат и постигнаа гол. Во продолжението Холандија го зголеми притисокот и успеаја да стигнат до израмнување во самата завршница со голот на Коди Гакпо. Претходно, Вирџил ван Дајк постигна гол, но погодокот беше поништен по интервенција на ВАР поради прекршок врз Марк-Андре тер Штеген.

Португалија со победа од 1:0 над Велс го започна настапот во новото издание на Лигата на нации. Единствениот гол на натпреварот го постигна Жоао Феликс во 22. минута, со прецизен удар од позиција во центарот на шеснаесетникот. За селекцијата на Жорже Жезус ова е успешен старт во новиот циклус од Лигата на нации.

Норвешка со 3:2 ја совлада Данска во драматичен натпревар од првото коло во А-дивизијата на Лигата на нации. Домаќините одлично го започнаа мечот и поведоа со 2:0, со головите на Оскар Боб во 14. и Ерлинг Халанд во 18. минута.
Данска успеа да се врати во игра преку Микел Дамсгард, кој намали на 2:1 во 25. минута. Во вториот дел Расмус Хојлунд израмни на 2:2 во 60. минута и најави драматична завршница. Сепак, Халанд во 74. минута повторно погоди и ѝ ја донесе предноста на Норвешка.

 


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk