logo
logo
logo

Куртоа нема да брани за Белгија во Лигата на нации, но не се откажува од репрезентацијата

Vecer | 09.09.2026

Куртоа нема да брани за Белгија во Лигата на нации, но не се откажува од репрезентацијата

фото: Belgian Red Devils @BelRedDevils (X)

Тибо Куртоа нема да брани за Белгија во претстојната сезона во Лигата на нации, но искусниот голман не стави крај на репрезентативната кариера.

Куртоа доби зелено светло од новиот селектор Марк ван Бомел да го прескокне циклусот во Лигата на нации, во кој Белгија ќе игра против Франција, Италија и Турција. Во следните три месеци Белгијците ги очекуваат шест натпревари, но првиот голман на Реал Мадрид ќе добие дополнителен одмор.

Одлуката доаѓа по Светското првенство во 2026 година, по кое Куртоа призна дека размислува за пауза од репрезентативниот фудбал. По елиминацијата од Шпанија во четвртфиналето, тој најави дека сака да се одмори од Лигата на нации, но истовремено остави отворена врата за продолжување на кариерата со Белгија.

„Физички, не знам дали можам да го одржувам истото темпо уште четири години“, изјави Куртоа, објаснувајќи дека згуснатиот календар и огромниот број натпревари се сериозен фактор во неговата одлука.

Сепак, неговиот план е јасен – да биде повтаорно достапен за Белгија во квалификациите за Европското првенство 2028, кои започнуваат во март следната година. Куртоа е подготвен повторно да се бори за своето место меѓу стативите, без оглед на конкуренцијата.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk