logo
logo
logo

Кулушевски: Понекогаш помислував дека нема повеќе да играм фудбал

Vecer | 20.10.2026

Кулушевски: Понекогаш помислував дека нема повеќе да играм фудбал

По цели 526 дена надвор од терените, швеѓанецот со македонско потекло Дејан Кулушевски синоќа се најде во тимот за својата екипа Тотенхем во дуелот со Ковентри и одигра неколку минути на крајот од мечот.

Пречекан со овации од страна на публиката, Кулушевски беше дел од победата на својот тим која што сезонава толку многу беше чекана од страна на сите.

Повредата на коленото за Кулушевски конечно е минато, а пројдоа речиси две години од операцијата и рехабилитацијата.

„Имаше моменти кога мислев дека тоа никогаш нема да се случи. Беше исклучително тешко, но никогаш не се откажав. Едноставно продолжував да работам секој ден, не знаејќи кога ќе можам да се вратам“, – изјави Кулушевски по мечот.

Од Тотенхем потенцираа дека враќањето на Кулушевски е сериозно добар момент за тешката ситуација на играчки и резултатски план.

 


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk