Хрватскиот интернационалец Сандро Куленовиќ му донесе на неговиот тим Торино вечерва три бода, откако реализираше за водство од 2:1 против екипата на Удинезе што подоцна се покажа и како конечен резултат на овој меч.
Домаќинот имаше водство преку Браганца кој погоди во 36. минута но холанѓанецот Екеленкамп изрмани пред полувреме.
Куленовиќ се впиша во листата на стрелците во 67. минута, навреме што се вели, само три минути откако влезе во игра како замена. Домаќинот потоа успеа да ја сочува својата мрежа и да ги освои поените.