logo
logo
logo

Елмас исклучен во победата на Аталанта

Vecer | 12.10.2026

Елмас исклучен во победата на Аталанта

Денеска во италијанската Серија А имаме два дуела, а во првиот тимот на Аталанта на најдобар можен начин ја искористи предноста на домашниот терен и славеше против Венеција со убедливи 3:1.

Сепак, за нас е далеку поважно што Елиф Елмас беше во стартниот состав на тимот од Бергамо, но нашиот репрезентативец нема да го помни по добро овој меч.

Беше исклучен во 89. минута, и доби директен црвен картон.

Мечот реално беше решен по само половина час, затоа што домаќинот веќе водеше со 3:0.

Кеси и на два пати Крстовиќ реализираа, а потоа се беше готово. Иако Хаино намали до полувреме на 3:1, сепак, гостите немаа сила за нешто повеќе на овој меч.

 

 


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk