Скандалот околу Кристијано Роналдо и неговото напуштање на репрезентативниот кампус пред дуелот со Данска, добива нов момент.
Поведена е постапка против него од страна на Фудбалската Федерација на Португалија, со назнака „дисциплинска“, а додека не се донесе конечната одлука по истата тој и официјално е суспендиран.
„Покрената е дисцилинска постиапка против Кристијано Роналдо. Со одлука на Одделот за непрофесионален фудбал од 9 октомври 2026 година, покрената е дисциплинска постапка против Кристијано Роналдо, со цел да се утврди евентуалното дисциплинско значење на фактите пријавени на 7 октомври“, се наведува во официјалното соопштение.
Што ќе биде понатаму во врска со ова прашање останува да видиме, но секако дека ова не е правецот во кој требаше да финишира репрезентативната кариера на еден од најголемите фудбалери на сите времиња.