ФОТО:.facebook.com/AFASeleccionEN/
Лионел Меси не успеа да остане на светскиот трон со Аргентина, во финалето на Светското првенство во САД, Мексико и Канада беа поразени со 1:0, а по натпреварот беше видена емотивна сцена. Откако го стави сребрениот медал околу вратот, Меси беше совладан од емоции. Легендарниот Аргентинец се огледа наоколу со солзи во очите, а камерите го забележаа овој момент. Натпреварот против Шпанија треба да биде последен во националниот тим за 39-годишниот напаѓач, а тој го заврши турнирот со осум гола и четири асистенции.
sportmedia.mk
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата