Конфликтот со Флик го однесе на излезна врата од „Камп Ноу“

Vecer | 01.11.2026

Конфликтот со Флик го однесе на излезна врата од „Камп Ноу“

фото: Blaugrana Xtra @BlaugranaXtra_ (X)

Се чини дека деновите на Алехандро Балде во Барселона се избројани. Одлуката на тренерот Ханси Флик повторно да не смета на него, дури и во момент кога каталонскиот тим има сериозни проблеми со повредени дефанзивци, дополнително ги засили шпекулациите дека левиот бек ќе го напушти „Камп Ноу“ во јануарскиот преоден рок.

Според пишувањата на шпанските медиуми, Барселона планира да ја засили одбраната во зимскиот преоден рок, но за да реализира нови трансфери ќе мора да ослободи место и финансиски средства. Балде е посочен како еден од главните кандидати за заминување, а неговата ситуација во тимот е дополнително комплицирана поради нарушениот однос со Флик.

Интерес за 23-годишниот дефанзивец имало и во летниот преоден рок, меѓу другите и од англискиот фудбал, но тој тогаш одлучил да остане и да се бори за своето место. Флик претходно изјави дека на Балде му недостига самодоверба потребна за да го достигне највисокото ниво.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk