Црвена звезда и Копенхаген ги поделија бодови играјќи 2:2 во второто коло од Лигата на конференции, по ревија на одлични голови на „Рајко Митиќ“. Гостите поведоа во 29-тата минута откако нашиот млад репрезентативец Матеј Гаштаров си постигна автогол. Звезда брзо се врати во натпреварот – Тими Макс Елшник во 34-тата израмни на 1:1, а Василије Костов во 41-вата минута постигнаа спектакуларен гол за 2:1. Копенхаген, сепак, успеа да изедначи во второто полувреме и да си замине од Белград со бод.
Лугано на Џани Алиоски оствари убедлива победа од 5:2 кај Хетафе. Шпанците поведоа во втората минута преку Иван Азон, но Лугано брзо презеде контрола – Албијан Ајети постигна два гола (3′ и 26′), а Јанис Чимњани додаде уште еден во седмата минута. Шпанскиот тим се обиде да се врати во играта, но швајцарците ја задржаа предноста и на крајот забележаа висока победа. Алиоски беше на клупа, но доби шанса во 75. минута.
-
Иберија Тбилиси – Мјалби 1-1
-
Нордсјеланд – ЦСКА Софија 2-2
-
Црвена звезда – Копенхаген 2-2
-
Јаблонец – Брајтон 0-0
-
Кауно Жалгирис – Бран 1-4
-
Хетафе – Лугано 2-5
-
Интер Ескалдес – Уни. Крајова 1-3
-
Пафос – Рига 1-1
-
Трабзонспор – Хартс 2-0