Американците подготвуваат „бомба“: Ако Покетино замине, доаѓа Пеп?!

Vecer | 11.11.2026

Американците подготвуваат „бомба“: Ако Покетино замине, доаѓа Пеп?!
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Фото: Манчестер Сити Х

Американската фудбалска федерација веќе разгледува можни наследници на Маурисио Покетино, кој е на чекор до преземање на Манчестер јунајтед. Меѓу имињата што се споменуваат е и Пеп Гвардиола, поранешниот менаџер на Манчестер сити.

Според написите во американските и британските медиуми, Гвардиола е разгледуван како една од потенцијалните опции доколку Покетино ја напушти селекторската функција. Шпанскиот стратег е без клуб откако го напушти Манчестер сити, по десетгодишниот престој на „Етихад“.

Една од причините поради кои неговото име се поврзува со американската репрезентација е неговата наклонетост кон САД. За време на паузата од тренерската работа во 2012/13 година живееше во Њујорк, а во минатото најавуваше дека пред крајот на кариерата би сакал да работи и како селектор на национална репрезентација.

Меѓу другите имиња што се споменуваат за евентуален наследник на Покетино се Роберто Мартинез, Стив Черундоло и Мајки Варас.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk