Противникот на Шкендија во 3. коло од квалификациите во Конференциската лига, шкотски Хиберниан, со пораз ја отвори новата сезона во шкотската Премиер лига. Во очекување на првиот дуел со Шкендија следнава недела, екипата од Единбург загуби на домашен терен од Мадервил со 2:1.
Шкендија ќе му гостува на Хиберниан во четврток, а првиот натпревар од третото квалификациско коло во Конференциската лига ќе започне во 21 часот.