logo
logo
logo

Халанд за „викиншка“ радост во Далас: Норвешка закажа осминафинале со Бразил (ВИДЕО)

Vecer | 30.06.2026

Халанд за „викиншка“ радост во Далас: Норвешка закажа осминафинале со Бразил (ВИДЕО)

Норвешката фудбалска репрезентација се пласираше во осминафиналето на Светското првенство, откако вечерва во Далас ја победи селекцијата на Брегот на Слоновата Коска со 2:1. Во супер-интересен натпревар со самиот крај, Норвежаните покажаа дека заслужуваат место меѓу осминафиналистите, за првпат во својата историја.

Вечерашниот натпревар, Брегот на Слоновата Коска започна исклучително офанзивно, а првата шанса ја имаа во 20-тата минута кога Конан брилијантно помина покрај неколку норвешки дефанзивци, но шутираше покрај голот. Сепак, Норвешка поведе прва, со голот во 39-тата минута на Антонио Нуса, кој мајсторски го погоди противничкиот гол.

Очигледно потресени од примениот гол, „слоновите“ можат да бидат среќни што останаа со само еден гол во својата мрежа до крајот на првото полувреме. Прво, Халанд промаши шут во 41-та минута, а во следниот напад и Сорлот промаши со глава.

Израмнувањето стигна во 74-тата минута кога Диало постигна феноменален соло гол за 1:1.

Кога сите очекуваа крај и продолженија, Ерлинг Халанд повторно се појави како спасител на Норвежаните. Во 86-тата минута по асистенција од Берг, Халанд рутински постигна гол за 2:1 и голема прослава на Норвежаните, кои сега треба да се подготвуваат за осминафинална пресметка со Бразил на 5 јули.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk