logo
logo
logo

Халанд пред дуелот со Бразил: Никогаш порано не сум играл така важен натпревар за Норвешка

Vecer | 05.07.2026

Халанд пред дуелот со Бразил: Никогаш порано не сум играл така важен натпревар за Норвешка

Фото: ФИФА Х

Норвешката ѕвезда Ерлинг Халанд ги сподели своите очекувања за осминафиналето на Светското првенство против петкратниот светски шампион Бразил.

Ова е веројатно еден од најважните моменти. Никогаш во животот не сум играл толку важен натпревар за Норвешка и никогаш не сум доживеал нешто слично. Ќе биде одлично. Јас самиот го сакам Бразил, имам многу пријатели таму, познавам многу луѓе од таму. Ќе биде посебен натпревар. Бразил има 200 милиони луѓе на располагање. Имаат победници на Лигата на шампионите, победници на Премиер лигата и најдобрите фудбалери во светот – затоа што ова е Бразил“, рече Халанд.

Во 1/16 финалето, Норвешка го победи Брегот на Слоновата Коска со 2-1, вториот гол го постигна токму Халанд, додека Бразил ја победи Јапонија со ист резултат.

Натпреварот Бразил – Норвешка ќе се одржи на 5 јули во 22:00 часот по македонско време.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk