logo
logo
logo

Халанд го доби градското дерби за Сити против Јунајтед (ВИДЕО)

Vecer | 13.09.2026

Халанд го доби градското дерби за Сити против Јунајтед (ВИДЕО)

Со голот на Ерлинг Халанд во 60. минута, за кој што не само што беше потребна ВАР проверка поради можен офсајд, тимот на Манчестер Сити го доби големото градско дерби против Јунајтед со 0:1, среде Олд Трафорд.

Во големиот фудбалски спектакл и пред милионски аудиториум, Сити со Енцо Мареска како менаџер кому ова му е премиерна сезона на чело на овој клуб, успеа да го добие првиот голем меч сезонава.

Јунајтед имаше можност да дојде до победа но наместо во мрежа погодуваше во дирек. И тоа на два пати. Имаше и играч повеќе седумдесетина минути откако Фоден доби директен црвен картон, но и тоа не помогна.

Наместо водство, Јунајтед прими гол и влезе во негатива, а во притисокот во самиот финиш имаше една единствена шанса за 1:1. И тоа сериозна. Бруно Фернандеш додаде за Нбеумо, а овој осамен, се намести шутираше, но Џиџи Донарума маестрално брани.

Остана време само за уште еден корнер во кој Сити се одбрани и официјално ги осови трите бода.

Со кои што по четири меча има 12 бодови, и е втор, додека пак Јунајтед има четири бода од исто толку мечеви и е на 13. место.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk