Хакими со хет – трик, Луис Енрике со историја за ПСЖ!(ФОТО)

Vecer | 30.10.2026

Хакими со хет – трик, Луис Енрике со историја за ПСЖ!(ФОТО)

ФОТО:facebook.com/PSG/

Победата на ПСЖ на гостувањето кај Авр беше лесна и како што се очекуваше, но по пресврт, за краен резултат 1:5.
Донекаде изненадувачки, Авр поведе во 18-тата минута од играта. Беше одлична контра, ПСЖ беше фатен на „погрешна нога“, а Маја постигна гол од непосредна близина.
Сепак, тоа траеше кратко, ПСЖ брзо израмни преку Годтс во 26-тата минута, а само две минути подоцна, Хакими го донесе својот тим во водство. Во 55-тата минута, истиот играч постигна гол од слободен удар во аголот на голманот, а во 62-тата минута, Мајула ги реши сите прашања кога го заобиколи противничкиот голман и рутински ја испрати топката во мрежата.
Конечно, хет-трик на Хакими, малку среќа за него, но тој постигна гол за конечни 1:5.

Со оваа победа стратегот на ПСЖ, Луис Енрике испиша историја за актуелниот европски првак. Ова за него беше 127 победа како тренер на ПСЖ на официјални меча со што го надмина Лоран Блан кој досега беше рекордер со 126 победи.

Сепак сега Шпанецот е рекордер на клубот од Париз.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk