Проблемите во таборот на Манчестер Јунајтед во моментов речиси и да не можат да бидат поголеми. Тимот од Олд Трафорд нема победа веќе осум мечеви, а поразите од Комо во Лигата на Шампионите од 4:1, како и оној во Премиер лигата од Борнмут од 0:3 и тоа како здоболеа.
Менаџментот реши да му ја даде довербата на менаџерот Мајкл Керик и понатаму, а тој пак во обид да спаси што може да се спаси во моментов, реши да седне на маса и да разговара на само со капитенот Бруно Фернандеш.
Португалецот јавно критикуваше, па беше седнат на дуелот со Борнмут на клупа. Очигледно дека тој има сериозно влијание во соблекувалната, затоа што веднаш по него и Лисандро Мартинез реши да проговори во јавноста.
Што ќе излезе како резултат од состанокот во „четири очи“ помеѓу Керик и Фернандеш останува да се види, но едно е сигурно. Јунајтед има огромни рпедизвици пред себе како мечеви против Челзи, Рома, Астон Вила и Ливерпул.