Карик: Го разбирам разочарувањето на навивачите

Vecer | 11.10.2026

Карик: Го разбирам разочарувањето на навивачите
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Тимот на Манчестер Јунајтед вчера во рамките од новото Премиер лига коло на свој терен не успеа да обезбеди победа во ремито 1:1 против тимот на Тотенхем. Стандардно Јунајтед се мачеше во текот на сите деведесет минути, но ете во еден момент, успеа да реализира и да дојде во водство.Мбеумо во 73. минута погоди за водство но наместо триумф се случи повторно крах во финишот.

Соланке во втората минута од продолжението на мечот израмни на 1:1, и ги остави домашните во шок.

Менаџерот на Јунајтед, Мајкл Карик нормално разочаран од она што се случи на јавноста и го сподели своето мислење со посебен дел посочен кон навивачите.

„Беше нестабилен натпревар. На почетокот ни беше тешко. Од повеќе причини не бевме целосно фокусирани.  Но, момците влегоа во ритам и во второто полувреме бевме подобри во секој аспект. Кога ќе ја составите играта онака како што сакате и сте во толку добра позиција, мора има резултат. Мора да се справиме со овие ситуации. Ова се два доцни гола што ни нанесоа штета и работите сега изгледаат сосема поинаку. Тоа е реалноста“, рече Карик па додаде.

„Не е пријатно, многу боли бидејќи ми е грижа за овој клуб. Сепак, го разбирам разочарувањето, реалноста е таква каква што е треба да се вратиме на победничките натпревари“, заклучи менаџерот на „Црвените ѓаволи“.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk