Каков ли е ова пенал за Либија?! Тунижаните гневни го напуштија теренот (ВИДЕО)

Vecer | 17.11.2026

Каков ли е ова пенал за Либија?! Тунижаните гневни го напуштија теренот (ВИДЕО)
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

ФОТО:printscreen

Средбата меѓу Либија и Тунис, одиграна во рамките на четвртото коло од квалификациите за Африканскиот куп на нации, заврши со резултат 1:1, но моментот од судиското продолжение во првото полувреме ќе се памети многу повеќе од самиот резултат. Тунис добро го отвори натпреварот и поведе во третата минута. Стрелец беше Слимани, па се чинеше дека гостите ќе одат на одмор со минимална предност. Сепак, на самиот крај од првиот дел следеше сцена што предизвика огромно незадоволство во тунискиот табор. Судијата покажа на белата точка и досуди пенал за Либија, иако одлуката, благо речено, беше крајно дискутабилна. Тунижаните не можеа да поверуваат што се случува. Речиси сите играчи на гостинската репрезентација протестираа кај судијата, а незадоволството набрзо се претвори во уште подрастичен потег – го напуштија теренот во знак на протест против одлуката.

Mdr les arbitres africains https://t.co/lO7F3iCLgo

— 𝐃𝐃𝐕_𝟎𝟏𝐳🦅 (@MHD_01z) November 17, 2026

По неколку минути и разговор, тие сепак се вратија на теренот, а Либија доби шанса да израмни. Езу Ел Маријами ја презеде одговорноста и погоди од пенал за 1:1, што на крајот се покажа како конечен резултат на играта. Сцени како оваа повторно го отворија прашањето за судењето на африканските фудбалски терени. Особено е проблематично што на овие натпревари нема ВАР технологија, па судиските одлуки што предизвикуваат големи контроверзии не можат да се проверат подоцна во текот на натпреварот.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk