Точно пред 24 години, на 8 октомври 2002 година, Кристијано Роналдо го постигна првиот гол во професионалната кариера. Тогаш 17-годишниот Португалец двапати се запиша во листата на стрелците за Спортинг во победата од 3:0 против Мореиеренсе.
Првиот гол го постигна во 34. минута, откако со голема брзина тргна од речиси центарот на теренот, влезе во шеснаесетникот и го совлада голманот.
Спортинг денеска ја одбележа годишнината со видео од историскиот гол и порака дека токму тогаш започнала приказната која го промени светскиот фудбал.