logo
logo
logo

Исак, Гакпо и Собослај го пропуштаат гостувањето кај ЛАСК

Vecer | 13.10.2026

Исак, Гакпо и Собослај го пропуштаат гостувањето кај ЛАСК

фото: Empire of the Kop (X)

Ливерпул се соочува со сериозни кадровски проблеми пред продолжението на настапите во Лигата на шампионите, откако беше потврдено дека Александар Исак, Коди Гакпо и Доминик Собослаи нема да бидат во составот за дуелот со ЛАСК во Австрија.

Исак има повреда на бутниот мускул заработена за време на репрезентативните обврски, додека Гакпо се мачи со повреда на скочниот зглоб. Собослаи, пак, има истегнување на задната ложа и не настапи ниту во поразот од Манчестер сити со 0:3.

Тренерот Андони Ираола признава дека густиот распоред го отежнува враќањето на повредените фудбалери, бидејќи Ливерпул го очекуваат четири натпревари во период од десет дена. Сепак, повредите на Исак и Гакпо засега не се сметаат за долгорочни, а нивната состојба ќе се следи од ден на ден.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk