Евро 2028 ќе остане во ист формат и со ист број учесници

Vecer | 10.11.2026

Евро 2028 ќе остане во ист формат и со ист број учесници
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Европското првенство во фудбал во 2028 година ќе се игра според истиот формат како претходните две изданија, со 24 репрезентации поделени во шест групи со по четири селекции. Домаќини на турнирот ќе бидат Англија, Шкотска, Велс и Република Ирска, а натпреварите ќе се играат на девет стадиони во осум градови. Европското првенство ќе започне на 9 јуни 2028 година во Кардиф, а финалето е закажано за 9 јули на лондонскиот „Вембли“.

Од квалификациската фаза директен пласман ќе обезбедат 20 репрезентации: победниците на 12-те квалификациски групи и осумте најдобро пласирани второпласирани селекции.

Посебно внимание привлекува решението за домаќините. Англија, Шкотска, Велс и Ирска немаат автоматски обезбеден пласман, туку ќе учествуваат во квалификациите. Сепак, две дополнителни места се резервирани за најдобро рангираните две домаќински репрезентации кои нема да обезбедат директен пласман. Останатите билети ќе бидат распределени преку бараж, во кој ќе учествуваат преостанатите второпласирани од квалификациите и најдобро рангираните селекции од Лигата на нации 2026/27 кои не обезбедиле пласман.

Квалификациите ќе започнат во март 2027 година, а ждрепката за групите е закажана за 6 декември 2026 година во Белфаст.

Во завршницата, првите две репрезентации од секоја група, заедно со четирите најдобри третопласирани, ќе се пласираат во осминафиналето. Потоа следуваат класичните елиминациски натпревари до големото финале на „Вембли“.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk