logo
logo
logo

Илина и Ева Соколовски го развеаја македонското знаме во Франција

Vecer | 05.02.2026

Илина и Ева Соколовски го развеаја македонското знаме во Франција

Сестрите Илина и Ева Соколовски минатиорт викенд ја претставува Македонија на традиционалниот Интернационален турнир во ритмичка гимнатсика „Елегант куп“ во Келеј, Франција. На овој турнир учествуваа гимнастичарки од многу европски држави.

Илина имаше четири настапи, и тоа топка, холохоп, лента и чуневи. На настапите со топка и холохоп во големата конкуренција го освои 10-тото место, додека со лента и чуневи го освои 9-тото месо.

-Задоволна сум со резултатот иако секогаш може да бие подобро. Со оглед на големата конкуренција и организираноста ова е супер. Толку ни е силата, со сестра ми бевме сами,  без судии,  едноставно без се. Но, тоа што го веевме македонското знаме на вака голем европски натпревар е чувство што не се опишува, вели Илина.

Овој турнир за помалата сестра  Ева беше посебен, бидејќи со само 15 години прв пат требаше да се натпреварува во сениорска конкуренција. Но, се случи нешто што никој не го посакуваше, најмногу таа, а тоа е што пред натпреварот, додека го одржуваше последниот тренинг се повреди. Имаше силна болка во коленото, па го откажа учеството од страв да не се случи  поголем проблем.

- Сепак, и покрај проблемите ќе кажеме дека сме задоволни од резултатот и од учеството. Мораме да внимаваме на повреди, бидејќи  не очекуваат повеќе вакви големи натпревари. По ова сега се подготвуваме за Европското првенство во ритмичка гимнастика, кое ќе се одржи во Варна,  Бугарија, каде што и двете ќе ја преставиме нашата Македонија, велат Илина и Ева.

Македонските девојчиња со цврсти чекори ја газат евроспката сцена, но и германската. Со семесјтвото живеат во Германија и поради талентот веќе се натпреваруваат во Бундес лигата. Илина и Ева се уште се натпреваруваат со македонски пасош, не само на интернационалните натпревари, каде ја претставуваат Македонија, туку и на врвните државни натпревари во Германија.

Златото, среброто и бронзата не им се непознаница, бидејќи досега на многу германски и европски наптревари освојувле медаљи. Затоа велат: „Наградите за Македонија ни се најдраги“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk