logo
logo
logo

И Чоло Симеоне се јави: Меси треба да ја добие „Златната топка“!

Vecer | 15.09.2026

И Чоло Симеоне се јави: Меси треба да ја добие „Златната топка“!

ФОТО:facebook.com/AFASeleccionEN/

И тоа како се загрева атмосферата во пресрет на одлуката за тоа кој ќе ја добие највредната индивидуална награда во свето на фудбалот. Речиси да нема позната фудбалска фаца која не се изјасниза тоа кој треба ја добие или освои “Златната топка. Дебатата се води веќе се недели. Па така и тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, исто така, се изјасни за тоа кој треба да ја освои “Златната топка“. Иако фаворитите на обложувалниците се Хари Кејн, Ламин Јамал и Килијан Мбапе, Аргентинецот несомнено го избра својот сонародник Лионел Меси, кој имаше одлично Светско првенство и беше клучен во повторното пласирање на „Албиселесте“ до финалето.

Осумкратниот освојувач на Златната топка постигна осум гола и имаше четири асистенции на Светското првенство во 2026 година. За Интер Мајами, тој постигна импресивни 43 гола во сите натпреварувања во 2025 година, водејќи го тимот до првата шампионска титула во историјата.
На прашањето кој треба да ја освои Златната топка, Симеоне одговори: „Меси. Без сомнение. По Светското првенство што го имаше на таа возраст, Меси несомнено го заслужува тоа.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk