logo
logo
logo

Гвардиола: Сè уште не сме подготвени да ја освоиме Лигата на шампионите

Vecer | 11.12.2025

Гвардиола: Сè уште не сме подготвени да ја освоиме Лигата на шампионите

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, го коментираше триумфот на неговиот тим од 2-1 над Реал Мадрид на гости во Лигата на шампионите. За каталонскиот специјалист, ова беше 14-ти успех во вкупно 28 натпревари против кралскиот клуб.

„Можевме да се претставиме подобро. Многу е тешко да се игра на овој стадион. Пет или шест од нашите играчи беа тука за прв пат. Мораме да бидеме задоволни од победата, особено во однос на освоените бодови. Веќе имаме 13, а местото во првите осум е во наши раце. Нашата цел е да завршиме меѓу првите осум“, рече Гвардиола.

„Го започнавме натпреварот со грешки, но очекував Реал да не притисне повисоко, а тие отидоа длабоко, што ни го отежна. Родриго, Винисиус, Белингам – ова се одлични играчи. Нивната брзина е закана, па не можете само да останете на предните позиции, туку мора да помогнете и во одбраната“, нагласи тренерот на „граѓаните“.

Предводникот на Манчестер Сити

„Статистиката на Хaланд зборува сама за себе. Треба почесто да го вклучуваме во играта. Во последните натпревари тој беше загубен, па затоа треба да најдеме начин да го користиме повеќе.

Сè уште не сме подготвени да ја освоиме Лигата на шампионите. Далеку сме од тоа. Во февруари ќе бидеме во подобра состојба“, заклучи менаџерот на Манчестер Сити.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk