logo
logo
logo

Готово е со Роналдо: Селекторот и претседателот на сојузот на Португалија бадијала брзаа на аеродром!

Vecer | 01.10.2026

Готово е со Роналдо: Селекторот и претседателот на сојузот на Португалија бадијала брзаа на аеродром!

фото: Actu Foot @ActuFoot_ (X)

Мега – ѕвездата Кристијано Роналдо го напушти кампот на португалската репрезентација во Данска во среда попладне, а по полноќ, “Marca“, под наслов „Трка до аеродромот за да го наговорат Роналдо и чувството дека неговото заминување е дефинитивно“, ги објави драматичните околности под кои доцна синоќа долетал од Копенхаген за Мадрид и нагласи дека ова е крајот на неговата импресивна кариера со репрезентацијата. Исто така, се додава дека во Португалија неговиот потег се толкува како дефинитивен крај на неговата репрезентативна кариера.

Роналдо замина откако тренерот Жорже Хесус на прес-конференција рече: „Јас сум главен во овој тим“ и ги објави плановите според кои капитенот треба да го започне натпреварот против Данска во Лигата на нации на клупата, откако го пропушти претходниот натпревар против Норвешка.

По 23 години во репрезентацијата, со која го освои Европското првенство и две Лиги на нации, таквата ненадејна пауза е во спротивност со очекуваното збогување пред публиката. Роналдо отпатува во Данска со тимот, но по изјавите на тренерот, го напушти стадионот и се врати во својот хотел. Таму ги собра своите работи и побара неговиот приватен авион, кој беше во Мадрид, веднаш да замине за Копенхаген.

Авионот слета во данската престолнина околу 22:15 часот и полета за Мадрид во 23:35 часот. Во меѓувреме, тренерот Жорже Хесус и претседателот на Португалската фудбалска федерација, Педро Проенса, се упатија кон аеродромот за да се обидат да го одвратат Роналдо од заминување и да го задржат со остатокот од тимот.

„Тоа беше обид во последен момент, но не успеа“, пишува Марка.

Роналдо не ги прифати нивните аргументи, се качи во авионот и ги остави на аеродромот, со што заврши неговата ера во португалската репрезентација, според Марка. Фабрицио Романо доцна синоќа објави дека авионот на Роналдо слета во Мадрид во 2 часот наутро и додаде дека Кристијано дефинитивно се отпишал од репрезентацијата.
Роналдо игра за Португалија од 2003 година. Тој има 234 настапи и постигнато 146 гола, освојувајќи го Европското првенство во 2016 година и две Лиги на нации со репрезентацијата. На 41 година и по повеќе од две децении во националниот тим, овој конфликт и расплет сугерира дека една од најдолгите и најголемите репрезентативни кариери во историјата на фудбалот е завршена.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk