Ентони Гордон смета дека трансферот во Барселона му овозможил да покаже поинаква страна од својот фудбалски квалитет. Англискиот репрезентативец летово пристигна на „Камп Ноу“ од Њукасл, а вели дека во Шпанија поголемо внимание се посветува на неговата техника и фудбалската интелигенција.
Гордон посочува дека во Англија најчесто бил препознаван по брзината и агресивниот пресинг, додека во Барселона неговите технички способности се многу повеќе вреднувани.
„Во Англија секогаш чувствував дека ме почитуваат поради тоа што сум брз и вршам пресинг, но не го вреднуваа доволно квалитетот и интелигенцијата со кои играм“, изјави Гордон.
„Во Барселона, ако не си технички поткован, веднаш те посочуваат“, порача Гордон, истакнувајќи ја важноста на техничкиот квалитет во филозофијата на каталонскиот клуб.