logo
logo
logo

Флик откри кои мечеви ќе ги пропушти Рафиња, индиректно го критикуваше Анчелоти!

Vecer | 09.10.2026

Флик откри кои мечеви ќе ги пропушти Рафиња, индиректно го критикуваше Анчелоти!

Тренерот на Барселона, Ханси Флик, одржа официјална прес-конференција пред првенствениот натпревар против Хетафе. Тренерот на каталонскиот тим направи детална анализа на состојбата во екипата по паузата за репрезентативните обврски и коментираше неколку актуелни теми поврзани со тимот.

„Прегледите покажаа одреден проблем. Не станува збор за сериозна повреда, но мораме да бидеме внимателни бидејќи минатата сезона тој имаше три повреди. Рафиња нема да игра утре, ниту против Галатасарај“, изјави германскиот стратег.

Флик го коментираше и густиот репрезентативен календар на своите фудбалери, изразувајќи резерви во врска со долгите патувања. Во неговата изјава имаше и индиректна критика кон селекторот на Бразил, Карло Анчелоти, но и пофалби за селекторот на Шпанија, Луис де ла Фуенте.

„Репрезентацијата е репрезентација и за секого тоа е главната цел – да ја брани својата земја. Токму таков е ставот и односот на Рафиња. Тој секогаш го дава максимумот од себе. Треба да се запрашаме дали беше неопходно да игра во Австралија и да патува илјадници километри. Тоа е неверојатно. Треба да се избираат пријателски натпревари, но во Европа тоа не е можно поради Лигата на нации. Кога бев во германската репрезентација, имавме можност да одиме во Аргентина, Бразил и Парагвај, но тоа беше затоа што имавме два или три пријателски натпревари. Сега тоа е невозможно.

Тоа е нормално, има голем притисок врз играчите. Нема натпревари на кои може да се испробаат други фудбалери и да се одморат оние што имаат поголема минутажа. Таква е ситуацијата и мораме да ја прифатиме. Начинот на кој се организираат работите не е најдобар, но морам да го прифатам тоа и да управувам со минутажата на моите фудбалери. Затоа велам дека многу го ценам она што Де ла Фуенте го прави со моите играчи – тој е совршен. Сè е во ред, односите се одлични и многу ми е драго што го гледам тоа. Ова е најдобрата репрезентација во светот.“

Стратегот на Бареслона зборуваше и за Ламин Јамал.

„Неговите настапи, како за Шпанија така и на нашите први осум натпревари, се неверојатни. Го гледав во живо во Лондон, на натпреварот против Англија. Тој е млад, брзо се опоравува и навистина ужива во играта. Неговиот став и самодовербата се извонредни. Со таква желба секојдневно да напредува, сигурно се движи кон тоа да стане најдобриот фудбалер во светот, ако веќе не е таков.“


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk