ФИФА и УЕФА итно пристигнуваат во Белград!

Vecer | 10.11.2026

ФИФА и УЕФА итно пристигнуваат во Белград!
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Зедничка делегација на ФИФА и УЕФА пристигнува во Белград, со цел да се вклучи во решавањето на проблемите во Фудбалскиот сојуз на Србија (ФСС). Според информациите со кои располага „Спорт Клуб“, во Белград ќе допатуваат по тројца претставници на светската и европската фудбалска федерација, а нивната задача ќе биде да предложат конкретни мерки за надминување на проблемите во сојузот, пишува sportklub.rs.

Делегацијата ја сочинуваат експерти со меѓународно искуство во решавање слични ситуации. Еден од нив е Лука Никола, директор на ФИФА за управување и односи со засегнатите страни. Никола е поранешен вработен во УЕФА и со години внимателно ја следи работата на Фудбалскиот сојуз на Србија.

Според планот за посетата, претставниците на ФИФА и УЕФА ќе одржат состаноци со раководството на ФСС, Заедницата на клубови и други организации во рамките на српскиот фудбал. Целта е да се соберат сите потребни информации и прецизно да се утврди состојбата во сојузот.

По разговорите, делегацијата ќе дефинира и ќе претстави модел за решавање на постојните проблеми.

Можно е предлогот за надминување на кризата да биде познат уште во среда, но засега не е јасно дали ќе станува збор за едно или повеќе можни решенија.

Неофицијалните информации говорат дека постојат неколку правно издржани опции за разрешување на ситуацијата. Засега не се планира одложување или откажување на седницата на Собранието на ФСС, која е закажана за 14 ноември.

Исто така, се очекува да биде дефиниран и официјалниот став во врска со мандатите на членовите на Собранието и комисиите, кои беа избрани во 2022 година.

Одлуката за следните чекори и идното функционирање на Фудбалскиот сојуз на Србија треба да биде донесена наскоро.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk