logo
logo
logo

Од што е направен и КОЈА Е ВРЕДНОСТА НА ПЕХАРОТ ОД ФИФА КОЈ ГО ОСВОИ ШПАНИЈА

Vecer | 22.07.2026

Од што е направен и КОЈА Е ВРЕДНОСТА НА ПЕХАРОТ ОД ФИФА КОЈ ГО ОСВОИ ШПАНИЈА

Шпанија го освои Светското првенство во 2026 година синоќа, а заедно со шампионската титула, нејзините играчи го кренаа и највредниот спортски трофеј во светот. Нова анализа, спроведена пред почетокот на овој турнир, покажа дека златниот пехар наменет за победничкиот тим на Светското првенство е убедливо најскапиот во светот на спортот.

Oфицијалниот трофеј од Светското првенство во фудбал тежи вкупно 6,175 килограми, од кои околу 4,93 килограми (скоро 5 кг) е чисто 18-каратно злато (заедно со основата што го содржи полускапоцениот камен малахит). Трофејот е шуплив одвнатре; доколку беше направен од чисто злато, би тежел помеѓу 70 и 80 килограми и играчите не би можеле да го кренат за време на прославата.

Неговата материјална вредност денес е дури 264 пати поголема отколку во 1966 година. Според експертите за скапоцени метали, овој драстичен скок не е само доказ за долгорочен пораст на цената на златото, туку и за постојан пад на куповната моќ на хартиените валути во текот на изминатите децении.

Вредност што го одзема здивот

Истражувањето на платформата за тргување со злато BullionVault, која го анализираше составот и тежината на најпознатите спортски награди, потврди дека трофејот на ФИФА доминира на листата убедливо. Проценетата вредност на овој пехар, сметајќи ги само металите од кои е направен, е околу 763.000 евра.

Доколку идентичен трофеј постоел во 1966 година - кога Англија била последен светски шампион - материјалите за неговото производство би чинеле само околу 2.900 евра. Единствениот спортски трофеј што може да му конкурира по материјална вредност е пехарот за познатата трка Кентаки Дерби, чија вредност се проценува на приближно 741.000 евра.

Овој скок на цената првенствено се должи на промените на пазарот на злато. Иако цената на унца злато, откако накратко надмина 4.630 евра во март, падна на околу 3.540 евра, таа сепак е значително повисока од минатогодишните 2.850 евра. Разликата е уште позабележителна во споредба со 1966 година, кога унца злато вредеше само околу 30 евра.

- Направени од злато и чисто сребро, овие легендарни трофеи претставуваат врв на спортскиот успех. Сепак, зад нивниот престиж лежи огромната вредност на самите скапоцени метали - рече Ден Џеј, директор на BullionVault.

- Неверојатниот раст на вредноста на трофејот на ФИФА, од помалку од 3.000 евра во 1966 година на повеќе од 763.000 евра денес, јасно покажува како златото може да послужи како заштита од инфлација и девалвација на валутата. Додека спортскиот свет се прашуваше кој ќе го крене овој пехар, бројките откриваат колку цените на златото и среброто се промениле во текот на децениите - рече тој.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk