Во рамките од новото Бундес лига коло, вреди да се спомене најпрво победата на тимот на Борусија Дортмунд на гостувањето кај Хофенхајм од 2:3.
Иако домаќините водеа со 2:0 со головите на Абдулаху, односно Лемперле, сепак гостите на правија комплетен пресврт со головите на Гираси, Силва односно автоголот на Хајдари во 86. минута.
Тимот на Елвсберг со идентични 2:3 победи во Менхенгладбах, додека пак, Баер Леверкузен суверено и моќно дојде до домашен триумф над Унион Берлин од 4:0.
Падерборн не успеа дома да стори нешто повеќе во поразот од 0:1 против Фрајбург, а Вердер пак со 3:1 го совлада Ред Бул Лајпциг.