logo
logo
logo

Дали тој е новиот селектор на Германија? Клаузулата на Јирген Клоп што може да промени сè!

Vecer | 02.07.2026

Дали тој е новиот селектор на Германија? Клаузулата на Јирген Клоп што може да промени сè!

ФОТО: Јurgen Klopp/X

Се чини дека не е невозможно Јирген Клоп да го наследи Јулиан Нагелсман на селекторската клупа на Германија.
Нагелсман има договор до 2028 година, односно до крајот на Европското првенство, а Клоп би можел да го наследи многу порано доколку гореспоменатиот стручњак биде отпуштен по разочарувачките резултати.
Но, дали има проблеми, со оглед на тоа што Клоп е под договор со Ред Бул?
„Марка“ пишува дека во договорот на Јирген Клоп постои клаузула според која тој може да ја напушти директорската позиција во Ред Бул доколку добие повик од германската репрезентација, што значи дека нема законски пречки за Германскиот фудбалски сојуз.
Единствениот проблем е – Нагелсман и неговата плата, која е околу 7 милиони евра годишно…


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk