Словенечкиот ракометар Гашпер Хорват поднесе тужба против клубот АСВ Хам-Вестфален, објави германскиот Билд. Словенецот тврди дека раководителите му се заканиле со физички повреди доколку не го потпише меѓусебното раскинување на договорот што му бил презентиран за време на рехабилитацијата од повредата.
„За време на разговорот меѓу него и двајца претставници на клубот, на играчот наводно му бил презентиран договор за раскинување на договорот. Во исто време, била упатена закана дека, доколку не потпише, ќе се погрижат обете нозе да му бидат скршени во теретана веќе следниот ден“, се вели во текстот на германските медиуми за кој Словенецот рекол:
- Иако сум висок два метра, плачев пред нив како мало дете.
Да додадеме дека Хорват поголемиот дел од својата кариера го поминал во Словенија, а играл и за Тартан Прешов, од каде што се преселил во редовите на втората германска лига во 2025 година.
Да споменеме и дека Германците го контактирале клубот, кој не сакал јавно да ги објави овие обвинувања.
„Клубот истакнува дека ја ангажирал адвокатската канцеларија Крамер, Вегенер, Хекер, Др. Крамер од Сост за да ги заштити своите интереси. Бидејќи ова е тековна постапка, АСВ Хам-Вестфален засега нема да даде јавна изјава“, напишаа Германците.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата