Англиската Премиер лига денеска стартуваше со дербито помеѓу екипите на Челзи и Манчестер Јунајтед кое што се играше во терминот од 13:30 часот.
Домаќинот на Стемфорд Бриџ успеа да слави со 2:0, во дуел во кој што двата тима имаа огромен број на шанси, но ете Челзи беше тој што искористи две од нив и успеа да ги освои трите бода.
Првиот дел од мечот навистина мина во доминација на Јунајтед кој што имаше две три зицер ситуации, реализираше и за водство но Куња беше во офсајд.
Само што стартуваше вториот дел, Морган Роџерс со еден соло пробив излезе пред голот на Јунајтед и погоди за 1:0.
Во 64. минута пеналот за домаќинот го искористи Колин Палмер и веќе беше 2:0. Згора на тоа Лисандро Мартинез беше исклучен и тоа беше најава за лош епилог за гостите.
Естевао најави катастрофа за Јунајтед реализирајќи за 3:0, но ВАР го спаси гостинот и го поништи овој гол.